Сајантифик Американ: Трамп најверојатно нема да победи на изборите оваа година

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно нема да победи на овогодинешните избори бидејќи полека избледува стравот кој ефикасно го предизвика меѓу своите гласачи во 2016, тврди невронаучникот Даглас Филдс во напис во списанието Сајнтифик Американ.

Loading...

Филдс вели дека пред четири години Трамп гласачите успешно ги привлекол во кампањата исполнета со предупредувања за наводни закани со кои се соочуваат САД, посебно алудирајќи на бегалците. Трамп ја потенцираше опасноста од оние „кои го мразат Божик“, а ги демонизираше мигрантите и кандидатката на демократите Хилари Клинтон, оценува научникот. Според него, тогаш Трамп успеал кај гласачите да го разбуди стравот, а потоа таа емоција го надвладеа критичкото и рационално размислување.

Филдс смета дека сега Американците многу појасно ги согледуваат фактите и вистинските последици од неговото управување со земјата.

– Стратегијата на Трамп не е насочена кон центрите за размислување во мозочната кора. Пред четири години, неодлучните гласачи беа под влијание на делот од мозокот одговорен за нагонот управуван од страв или, поедноставно, инстинкт. Многу гласачи не можеа ни да ги објаснат своите ставови затоа што беа водени од емоции, а не од разум, вели Филдс.

– Сепак, првичниот наплив на страв, кој натера многумина да го поддржат Трамп, полека се разблажува бидејќи скептичниот дел од мозокот добива сè повеќе информации, односно факти, додава неврологот. Трамп сè уште е насочен кон емоциите и стравот, но тоа влијание опаѓа.

Како пластичен пример за таква кампања и реторика, тој го наведува минатомесечниот настап на американскиот претседател во Висконсин кога тој рече: Бајден сака да ја предаде нашата земја на насилна левичарска толпа. Ако победи Бајден, многу едноставно, победила Кина. Ако победи Бајден, толпата победи. Ако Бајден победи – победиле демонстрантите, анархистите, пироманите и оние кои палат знамиња.

Филдс, исто така, забележува дека на првата дебата Трамп постојано го прекинувал Бајден со агресивни упади за да ги разгори емоциите. – Кога немаат доволно факти, луѓето се потпираат на инстинкт, дури и кога станува збор за политика. Потоа се создава плодна почва и за развивање на теории на заговор, смета невронаучникот.

– Меѓутоа, Американците сега се многу посвесни за фактите за Трамп. – Ние го надминуваме стравот на два начина – со разум и со искуств“, забележува Филдс, кој верува дека овој пат ќе надвладеат фактите, а не емоциите, пренесува Хафингтон пост.

Loading...

Сања Костовска

Leave a Reply