САД воведуваат нови санкции за Иран

Сподели со своите пријатели

Американската влада ќе воведе нови санкции за високи ирански функционери поради насилниот одговор на властите на протестите, најави претседателот Џо Бајден.

Loading...

Бајден е сериозно загрижен поради извештаите за сè понасилно задушување на мирните протести во Иран, вклучувајќи студенти и жени кои бараат еднакви права и основно човечко достоинство.

Вашингтон ќе објави нови санкции за сторителите на насилство врз демонстрантите подоцна оваа недела, најави Бајден.

– Ќе продолжиме да бараме одговорност од иранските власти и да ги поддржуваме правата на Иранците да протестираат слободно – заклучи тој.

Стотици илјади луѓе низ Иран протестираат против владата по смртта на 22-годишниот Махса Амини во притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Амини била уапсена од полицијата бидејќи ги прекршила правилата за носење хиџаб, пренесува dpa.

Таа почина во болница на 16 септември откако падна во кома, а точната причина за нејзината смрт сѐ уште не е утврдена.

Сведоците во главниот град Техеран тврдат дека двете страни стануваат сè понасилни на протестите.

Loading...

Организацијата Иран за човекови права, со седиште во Норвешка, објави во неделата дека безбедносните сили досега убиле 133 демонстранти, јавува Би-би-си.