САД воведоа санкции за компаниите осомничени за финансирање на Вагнер

Сподели со своите пријатели

САД во вторникот воведоа санкции за компаниите во Обединетите Арапски Емирати, Централноафриканската Република и Русија, за кои се сомневаат дека се занимаваат со нелегална трговија со злато за финансирање на руската групација Вагнер.

Loading...

Министерството за правда на САД во соопштението рече дека санкционирало четири компании поврзани со групацијата Вагнер и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин и дека тие го финансирале одржувањето и проширувањето на платеничките вооружени сили, вклучително и во Украина и Африка, преку илегалната трговија со злато.

„Групата Вагнер ги финансира своите брутални операции делумно со искористување на природните ресурси во земји како што се Централноафриканската Република и Мали. САД ќе продолжат да ги санкционираат изворите на приход на Вагнер групата за да го запрат нејзиното ширење и насилство во Африка, Украина и на други места“, рече Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање, се вели во соопштението.

Американскиот Стејт департмент објави дека потезите против Вагнер не се поврзани со немирите минатиот викенд.