САД влегоа во трговска размена со измислена земја

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за земјоделство ја смести Ваканда на списокот на трговски партнери. Ова не би било проблем ако Ваканда не е измислена земја.

Loading...

Министерството соопшти дека кралството Ваканда на списокот на партнери завршило случајно, за време на тестовите што ги правеле вработените.

Интернет услугата на Министерството за земјоделство има дури и детални информации за тоа како наводно тргувале двете држави, што вклучува трговија со патки, магариња и крави.

Во филмскиот универзум на Марвел, Ваканда е измислена земја во северна Африка и е дом на суперхеројот „Блек Пантер“. Таа за прв пат се појавува во стрипот „Fantastic Four“, во 1966 година, и повторно стана популарна кога филмот Блек Пантер, кој освои Оскар, а излезе минатата година.

Грешката ја откри Френсис Ценг, софтверски инженер од Њујорк, при пребарување на царински давачки за земјоделски производи.

Како што изјавил за Ројтерс, тој бил многу збунет кога ја видел Ваканда на списокот.

„Мислев дека не се сеќавам многу добро како се викаше името на филмот и го мешав со некој друг“, рече Ченг.

„Информациите за Ваканда требаше да се отстранат веднаш по тестовите. Сега се отстранети“, соопшти Министерството за земјоделство на САД.

Loading...

Ова не е прв пат измислена држава да се „појави“ во реалниот свет.

Во 2017 година, полскиот министер за надворешни работи Витолд Васчиковски им рече на новинарите дека имал состанок со голем број странски претставници за да преговара за пристапувањето на Полска во Советот за безбедност на Обединетите нации. Меѓу другото, рече тој, преговарал со државите Белизе и Сан Ескобар.

За жал, Сан Ескобар постои само во имагинацијата на овој поранешен полски министер.

Leave a Reply