САД тврди дека Киев гарантирал оти нема да користи касетна муниција на територијата на Русија

Сподели со своите пријатели

САД не очекуваат дека одлуката за испорака на касетна муниција на Украина може да предизвика раздор меѓу сојузниците во НАТО, изјави американскиот помошник на претседателот за национална безбедност, Џејк Саливан.

Loading...

„Мислам дека нема да видите раздор и неединство како резултат на оваа одлука“, рече Саливан, коментирајќи ја неодамнешната одлука на американската администрација да испрати касетна муниција во Киев.

Тој исто така рече дека украинската страна му дала на Вашингтон писмени гаранции дека касетната муниција добиена од сојузниците нема да се користи против цели на руска територија.

„Прво, тие нема да ги користат на руска територија, тие ќе ги користат овие гранати само на нивна територија… Второ, нема да ги користат во населени места“, објасни Саливан.

Потсетуваме дека уште порано советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан најави дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ достават касетна муниција на Украина.

Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, додека Америка и Украина ја немаат ратификувано оваа конвенција, пренесува Спутник.

Според руската војска, вооружените сили на Украина веќе користеле касетна муниција при гранатирањето на Донбас.

Според портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, тоа укажува дека задачата на украинските војници е да убиваат максимален број цивили.

Loading...

ОН се изјаснија против употребата на касетна муниција, а Германија и Австрија не ја поддржаа нејзината испорака во Киев, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.