САД: Толку е студено што врелата вода се претвора во снег (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 200 милиони Американци ширум САД беа погодени од силната зимска бура. Се проценува дека досега загинале најмалку 12 лица.

Loading...

Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без струја, а илјадници летови беа откажани вчера.

Огромното невреме се протега на повеќе од 3.200 километри, од Тексас до Квебек.

Циклонска бомба, односно нагло опаѓање на атмосферскиот притисок предизвика виулици на Големите езера, лоцирани на границата на САД и Канада.

Водата што врие веднаш се претвора во снег

Што се однесува до САД, температурите во Елк Парк, Монтана, паднаа на -45 степени целзиусови, додека градот Пекол, Мичиген, „замрзна“.

Во Јужна Дакота Индијците си ги запалиле алиштата на снегот за да се стоплат откако останале без гориво, пишува Би-Би-Си.

Во Монтана е снимен интересен феномен кој добро покажува за каков студ станува збор. Врела вода која веднаш се претвора во снег.

На видеото се гледа како човек држи зовриена вода во сад и ја фрла во воздух, по што таа се претвора во магливи снегулки.

Loading...