САД сè уште купуваат збогатен ураниум од Русија

Сподели со своите пријатели

Американските компании продолжуваат да плаќаат околу една милијарда долари годишно на руската државна нуклеарна агенција Росатом за набавка на збогатен ураниум, што е еден од најзначајните преостанати текови на пари од САД во Русија од почетокот на инвазијата на Украина, пишува Њу Јорк Тајмс.

Loading...

И покрај напорите на западните сојузници да ги прекинат економските врски со Москва, Вашингтон продолжува да купува од Русија збогатен ураниум кој произведува повеќе од половина од американската енергија без стакленички гасови, со плаќања преку подружниците на Росатом.

Причината поради која САД продолжуваат да купуваат збогатен ураниум од Русија е фактот што нема американска компанија вклучена во збогатување ураниум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Франциско остро за плановите на Трамп: „Срам за цел свет“

Американскиот весник потсетува дека договорот за купување збогатен ураниум меѓу Русија и САД, по распадот на Советскиот Сојуз, ѝ овозможи на Москва да преземе половина од светскиот пазар, додека САД целосно го прекина збогатувањето ураниум.

Дополнителен проблем е тоа што изградбата на нов синџир на снабдување со збогатен ураниум ќе трае со години, а тој синџир ќе бара многу повеќе пари отколку што американската влада моментално издвојува за увоз.

Според Њујорк Тајмс, околу една третина од збогатениот ураниум што се користи во САД се увезува од Русија, која е најевтиниот производител во светот, додека остатокот е увезен од Европа, а помал дел го произведува британско-холандско-германски конзорциум кој работи во Охајо, САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Враќањето на ТикТок во Америка има „солена“ цена: Трамп бара 50% од гигантот вреден милијарди

Конзорциумот за американскиот весник изјавил дека ќе им треба повеќе од една деценија да произведат количества што ќе се натпреваруваат со оние од Русија.

Во исто време, десетици земји ширум светот увезуваат повеќе од половина од збогатениот ураниум од Русија, пишува њујоршкиот дневен весник.

Loading...