САД: Русите се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови во Црното Море

Сподели со своите пријатели

САД тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови.

Loading...

Да потсетиме, Москва неодамна се повлече од договорот со кој се дозволува безбедно извоз на жито и од претходното предупредување дека сите бродови што пловат кон Украина сега ќе се сметаат за потенцијални носители на воена опрема.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ, им изјави на новинарите:

„Нашите информации покажуваат дека Русија постави дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Ние веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилниот брод во Црното Море и да се обвини Украина за тие напади“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто европските трупи не се многу ветувачки за Украина?

Се проценува дека околу 60.000 тони жито биле уништени во воздушните напади врз украинските пристаништа во последните неколку дена.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.