САД размислуваат за легализација на екстази во медицински цели

Сподели со своите пријатели

Американската невладина организација која се залага за легализација на псхиотропни супстанци успеала по 32 години да ја приближи дрогата MDMA, позната како екстази, кон легализација во медицински цели.

Агенцијата за храна и лекови дрогата ја означила како потенцијален „чекор напред“ во лекувањето на посттрауматско пореметување од стрес и одобрила истражување на најмногу 300 пациенти овој месец.

Ако се покаже како успешно, екстазите ќе бидат првата илегална психотропна супстанца (моментално во иста категорија како хероин и кокаин), кој би била одобрена како лек кој би се издавал на рецепт.

Научниците спуштија октоподи во вода со растворени екстази, еве како реагираат (ВИДЕО)

Loading...

Испитуавњата ќе ги прави групата Мултидисциплинарна асоцијација за психотропни истражувања која ја основал Рик Доблин.

Добил вели дека уште како тинејџер, при турбулентните шеесетти години од минатиот век станал убеден дека „психотропните дроги како ЛСД можат да бидат антидот за деструктивното тежнеење на човештвото, пренесува АП.

Неговата цел, како што наведува агенцијата, е легализација на сите психотропни супстанци за рекреативна употреба.

Leave a Reply