САД продолжуваат со набљудување над регионот на Црното Море со дронови

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ги продолжија надгледувачките летови со дронови над регионот на Црното Море, изјавија двајца американски претставници.

Loading...

„РК-4 Глобал Хок“ летал во мисија во регионот, рекоа официјални лица, а еден од нив додаде дека тоа е прв ваков лет со беспилотно летало по инцидентот во вторникот, објави Ројтерс.

Европската команда на вооружените сили на САД соопшти дека во вторникот руски борбен авион Су-27 при пресретнување удрил во пропелерот на американскиот дрон МК-9 Рапер, по што дронот паднал во меѓународните води на Црното Море.

Министерството за одбрана на Русија, пак, тврди дека рускиот авион немал контакт со дронот, дека не користел оружје и дека дронот се урнал поради „остро маневрирање“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Официјални лица на Пентагон оваа недела постојано нагласија дека Вашингтон нема да престане со извршување на такви мисии поради инцидентот.

Соборувањето на американскиот дрон МК-9 во вторник беше првиот директен американско-руски инцидент од почетокот на војната во Украина.