САД подготвени за „превентивен напад“ врз Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

По нападот со најголема ненуклеарна бомба во Авганистан, САД се подготвени за превентивен удар врз Северна Кореја, доколку земјата изведе нова нуклеарна проба.

Упатени извори од службите на САД наведуваат дека се поставени два разорувачи 480 километри од брегот на Северна Кореја кои имаат можност за лансирање на крстосувачките ракети „Tomahavk“ на територијата на таа земја.

Северна Кореја веќе предупреди за „голем настан“, а официјалните лица на САД велат дека тоа укажува дека се работи за нуклеарен тест кој би можел да се случи овој викенд на 105от родеден на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунга, пренесува NBC NEWS.

Тешките американски бомбардери се позиционирани во база на територија на државата Гуам во случај на напад врз Северна Кореја, а претходно оваа недела, ударна група на американската морнарица „Карл Винсон“ е испратена во овој регион.

Нападот на САД би ги опфатил сите ракети, бомби, како и сајбер нападите и поставување специјални единици на терен, наведува американската телевизија. Таков напад САД би можел да испровоира непредвидливиот и опасен режим на Северна Кореја да лансира контранапад против Јужна Кореја, наведува NBC NEWS.

Лидерите на Северна Кореја не покажуваат никаков интерес за дипломатија и дијалог со други земји во врска со овој проблем – рекол корејскиот претставник во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Северна Кореја во среда се закани дека прва ќе ги нападне Соединетите Америакнски Држави со нуклеарен напад доколку има знаци дека САД се подготвува за напад, додека во четврток пак предупредија дека ќе има немилосрден напад доколку САД преземат било што.

 

Loading...