САД најавуваат хуманитарна помош за Украина од 54 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Соединетите Држави во неделата соопштија дека испраќаат скоро 54 милиони долари нова хуманитарна помош за Украина во борбата против руската инвазија.

Loading...

Државниот секретар Ентони Блинкен рече дека САД се фокусирани на „итните хуманитарни потреби на Украина како важен дел од нашиот одговор на руските однапред смислени, неиспровоцирани и неоправдани напади“.

Оваа нова помош ќе биде канализирана преку невладини организации, вклучувајќи „снабдување со храна, безбедна вода за пиење, засолништа, итна здравствена заштита, презимување и заштита“, напиша Блинкен на Твитер.