САД ја забранува моментално најпопуларната апликација

Сподели со своите пријатели

„Што се однесува до „ТикТок“,го забрануваме во САД“, пренесени се зборовите на Трамп, кои прв пат ги рече на 31 јули, неколку часа откако напоменуваше дека останатите можности остануваат во игра.

Loading...

Американскиот претседател рече дека може да користи итни економски овластувања или извршна одредба за забрана на „TikTok“ во земјата.

„Па, јас имам такви овластувања. Јас можам да го сторам тоа со извршна наредба или со тоа“, им рече тој пред новинарите, кои полетаа со него во „Air Force One“.

Само неколку часа пред тоа, Трамп рече дека неговата администрација „може да го забрани „ТикТок“ и додаде дека има „многу алтернативи“ во тој поглед.

Во последната недела од јули, администрацијата на Трамп наложи TikTok, најпопуларната апликација за социјално вмрежување во моментов, која објавува кратки видео формати, да биде официјално разгледана од Комитетот за странски инвестиции во САД (CFIUS).

TikTok е во сопственост на компанијата ByteDance од Пекинг, а објавата за нејзиното преиспитување предизвика остри забелешки од кинеската влада, која го обвинува Вашингтон за дискриминација.

Апликацијата е најнов проблем во влошувањето на тензиите помеѓу двете најголеми светски економии, што започна поради трговските односи и поморските проблеми во Јужното кинеско море.

Од тогаш, сепак, препукувањата се претворија во поширок спор, вклучувајќи ги односите на Хонг Конг и Кина со муслиманските малцинства и остри мерки на кинеските технолошки компании.

Loading...

Вашингтон тврди дека овие компании се закана за национална безбедност и вршат притисок врз сојузниците да преземат слични мерки.

TikTok им овозможува на корисниците лесно да создаваат кратки видеа – често со основни визуелни ефекти и музика – што стана многу популарно.

Компанијата инсистира дека не ги споделува податоците за корисниците со Пекинг.

Leave a Reply