САД: Изјавите на Путин не се ништо ново

Сподели со своите пријатели

Белата куќа соопшти дека изјавиte на рускиот претседател Владимир Путин не се нови и не укажуваат на промена на неговите стратешки цели, вклучително и оние поврзани со Украина.

Loading...

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер одговори на изјавите на Путин на форумот „Валдеј“, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател рече дека Русија ја создала денешна Украина и дека само таа може да го гарантира нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Путин нагласи дека главната цел на „специјалната воена операција“ е да му се пружи помош на Донбас и оцени дека ситуацијата меѓу Русија и Украина до одреден степен може да се смета за граѓанска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Врховниот суд ја одби жалбата на Трамп. Денеска ќе биде осуден за плаќање на порно актерка

Тој рече дека Русите и Украинците, за жал, се нашле во различни земји поради повеќе причини.

Истовремено, тој го обвини Киев дека во моментов прави се за да ги прикрие трагите дека подготвува провокација со „валкана бомба“ и нагласи дека нема смисла Русија да користи таква бомба.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.