САД испраќаат напредни ракети со долг дострел во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден планира да испрати напредни проектили со долг дострел во Украина за да му помогне на Киев во неговата тековна контраофанзива, јавуваат американските медиуми.

Loading...

Ова за Би-Би-Си го известиле американски претставници запознаени со ова, наведувајќи дека Украина ќе добие некои ракети ATACMS со дострел до 300 километри и дека тоа ќе му овозможи на Киев да погоди руски цели длабоко зад линијата на фронтот.

NBC News и Wall Street Journal објавија дека Бајден му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека Киев ќе добие „мал број“ ракети ATACMS во наредните недели, според официјални лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Двајцата лидери се сретнаа завчера во Белата куќа.

Ниту САД ниту Украина официјално не ги потврдија извештаите на американските медиуми.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.