САД денеска објавија дека на Украина ќе и испратат нова воена помош во вредност од 820 милиони долари.
Loading...
Помошта, соопшти Пентагон, вклучува ракетни системи земја-воздух и противартилериски радари за да им овозможат на украинските сили да одговорат на руските напади.
Пентагон, исто така, објави дека ќе испрати 150.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри во Украина, пренесува АП.
Ова е 14-ти пакет воено оружје и опрема што Пентагон и го испрати на Украина од август 2021 година.
Севкупно, САД испратија 8,8 милијарди долари помош за оружје и воена обука за Украина.
Сите вести поврзани со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.