САД испраќаат 2 милијарди воена помош за земјите загрозени од Русија

Сподели со своите пријатели

САД ќе испратат 2 милијарди долари ново воено финансирање на Украина и на 18 други земји загрозени од потенцијална руска агресија.

Loading...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен одобри воено финансирање од 2 милијарди долари за странски земји.

Станува збор за програма во која САД нудат заеми или грантови на други земји за купување оружје од американско производство.

Дел оди во Босна и Херцеговина

Половина од новиот пакет од две милијарди долари ќе оди во Украина, а остатокот во 18 други земји за кои се верува дека се под закана од Русија.

Меѓу нив се Молдавија и Грузија, кои имаат отцепени региони поддржани од Русија, како и Естонија, Летонија, Литванија и Босна и Херцеговина, каде што расте тензијата со лидерите на босанските Срби поддржани од Русија, пишува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска најави дополнителни 675 милиони долари воена помош за Украина.

Најновиот американски пакет ќе вклучува повеќе муниција, повеќенаменски возила Хамви и противтенковски системи.

 

Loading...