САД имаат Бела куќа, а ова е јужнокорејската Сина куќа (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Секој претседател во светот има своја официјална резиденција. Таму му е седиштето, место од каде ги носи сите важни одлуки, но и место каде ги прима гостите од другите земји. Главната резиденција на Јужна Кореја има многу необично име и историја.

„Сината куќа“ (Чеонг Ва Дае) е службена резиденција и главно работно место за претседателот на Јужна Кореја во Сеул. Резиденцијата се наоѓа во округот Чонгно-гу. Сината куќа всушност е комплекс објекти направен во традиционален корејски стил на архитектура, со некои модерни елементи.

Направена е на местото на ниекогашната кралска градина на династијата Чосон и се состои од повеќе згради за различни намени. Тука е сала за главни конференции Бон-гван, претседателска резиденција, државна приемна куќа Леонгбин-Гван, Чунчу-гван е сала за конференции за печат и зграда на секретаријатот.

Целиот комплекс прокрива околу 250.000 квадратни метри. Во рамките на туристичката понуда на градот Сеул постојат многу програми со екскурзии низ Сината куќа.

 

Loading...

 

Локацијата на Сината куќа била локација на кралската вила во тогашниот Ханиангу, јужен главен град на династијата Гориео. Ја изградил кралот Сукјонг во 1104 година.

Главното седиште на династијата било во Каесонг, а исто така престојувале и во западната престолнина Пјонгјанг и во источниот главен град Гиеонгју.

Откако династијата Јосеон ја префрлила престолнината во градот Ханианг, палатата Гиеонгбок е изградена во 1395. година.

Таа е направена за време на четвртата година од владеењето на кралот Таеј и користена како главна палата. Ја кориселе како место за испрашување на државните служби и за обука на војската.

Откако Јапанското царство ја анексирала Корејската империја во 1910. година, генералниот гувернер на Кореја го користел Гиеонгбокгунг за изградба на владата.

Во 1939. година Јапонија ја изградила првата резиденција за генералниот гувернер на локацијата Чеонг Ва Де. Тоа е сменето за време на администрацијата на претседателот Ким Јонг Сем.

Ново име и зграда

Со воспоставување на Република Кореја во 1948. година, претседателот Сингман Ри зградата ја нарекол „Гиеонгмудае“, што било име на една од ретките стари згради.

Сингман Ри бил првиот претседател на Јужна Кореја по ослободувањето на јапонската окупација и тој прв го користел оваа место за официјална резиденција за претседател на републиката.

Претседателот Јун Бо Сеон го сменил името на оваа место во Чеонг Вае Дае откако дошол на власт во 1960. година.

 

 

Во 1968. година неколку луѓе од Северна Кореја успеале да влезат на Југ. Малку им недостастувало да пристигнат до претседателската палата, а целта им била да го убијат лидерот Парк Чунг Хеа.

Во таа прилика страдале 28 лица од Северна Кореја, 68 од Јужна Кореја, како и четворица Американци.

За време на претседателот Рог Тае Во изградена е нова канцеларија, официјална резиденција и прес центар. Новата зграда е отворена во 1991. година во април.

Геометрите долго ги разгледувале можностите каде зградта би требало да биде изградена. Одлучиле тоа да биде на веќе постоечка локација откако пронашле камен зад официјалната резиденција. На тој камен пишувало „Најславното место на земјата“.

Loading...

Сина куќа по пример на Белата куќа

Бидејќи САД и помагале на Јужна Кореја за време на Корејската војна, потоа помеѓу овие две држави настанала цврста врска која трае и денес. Тие и денес имаат добра економска соработка, заедно изведуваат воени вежби, а би можело да се каже дека Јужна Кореја има усвоено и некои елементи од американската култура.

Јужна Кореја често ја нарекуваат 51 американска држава, што уште повеќе потврдува колку овие две земји се блиски. Поради тоа многумина сметаат дека наводно официјалната резиденција на претседателот на Јужна Кореја, добила име по примерот на Белата куќа во Вашингтон, која е седиште на американскиот претседател.

 

Leave a Reply