САД и Саудиска Арабија го осудија продолжувањето на насилството во Судан

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија остро го осудија продолжувањето на насилството во Судан оваа вечер, откако истече 24-часовниот прекин на огнот меѓу конфликтните сили.

Loading...

Тие во заедничкото соопштение наведоа дека суданската армија и Силите за брза акција (РСФ) успеале да ги задржат своите војници под контрола за време на прекинот на огнот, но дека Вашингтон и Ријад биле „длабоко разочарани што интензивното насилство веднаш продолжило“, објави Ројтерс.

Во главниот град Картум избија жестоки судири, а жителите зборуваа за воздушни напади веднаш по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот меѓу суданската армија и РСФ.

Очевидци изјавија за Ројтерс дека рано утринава се забележани некои од најтешките борби од почетокот на конфликтот на 15 април.

Примирјето што започна во саботата наутро беше посредувано од Саудиска Арабија и САД во Џеда, а за време на претходните договори за прекин на огнот имаше чести прекршувања на прекинот на огнот од двете страни.

Конфликтот избувна меѓу единиците лојални на суданскиот воен лидер Абдел Фатах ал Бурхан и РСФ предводени од Мохамед Хамдан Дагало.

Нивната борба за моќ ја спречи транзицијата кон цивилно владеење и предизвика страв од долга граѓанска војна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...