САД и продаваат на Швајцарија 80 авиони-ловци за 14 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

САД планираат да и продадат на Швајцарија 40 авиони-ловци Ф/А-18ЕФ „Супер Хорнет“ и 40 авиони бомбардери Ф-35 од петта генерација, во вредност од околу 14 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбрана и соработка.

Loading...

– Стејт департментот одобри да и се продадат на швајцарската Влада 40 авиони Ф/А-18ЕФ „Супер Хорнетс“, како и опрема за истите во вредност од околу 7,5 милијарди долари. Агенцијата ќе го испрати потребниот сертификат за продажби до Конгресот на САД, се наведува во соопштението.

Освен тоа, Стејт департментот одобри и испорака на 40 авиони бомбардери Ф-35 и опрема за нив, во вредност од речиси 6,6 милијарди долари.

Според документите, САД планираат да и продадат на Швајцарија и пет противвоздушни ракетни системи „Патриот“ во верзија 3+, во вредност од 2,2 милијарди долари.

Leave a Reply