САД и Индонезија започнаа воени вежби

Сподели со своите пријатели

САД и Индонезија денеска ги започнаа своите годишни заеднички воени вежби на индонезискиот остров Суматра.

Loading...

Повеќе од 5.000 војници од САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и Сингапур учествуваа во овогодинешните вежби, што ги прави најголеми откако првпат беа одржани во 2009 година, пренесува АП.

Вежбите се дизајнирани да ја „зајакнат интероперабилноста, способноста, довербата и соработката меѓу партнерите за поддршка на слободен и отворен Индо-Пацифик“, се вели во соопштението на американската амбасада во Џакарта.

„Тоа е симбол на американско-индонезиската врска и сè поблискиот однос меѓу копнените сили во овој регион. Копнените сили се основата на безбедносната архитектура на регионот“, изјави генералот Чарлс Флин, командант на американската војска во регионот на Пацификот, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван се подготвува за кинески напад, но многумина не го гледаат Пекинг како закана

Флин и индонезискиот генерал Андика Перкаса ги отворија заедничките вежби со церемонија утрово во Батураја, крајбрежен град во провинцијата Јужна Суматра.

Вежбите ќе траат до 14 август и вклучуваат маневри на Армијата, морнарицата, воздухопловните сили и маринците.

Планираните двонеделни вежби започнаа откако кинеското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека ќе спроведе серија насочени воени операции за „заштита на националниот суверенитет“ како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван, за кој Кина тврди дека е дел од нејзината територија.

Американскиот генерал Марк Мили минатиот месец за време на патувањето во регионот на Пацификот изјави дека бројот на пресретнати кинески авиони и бродови во овој дел од светот значително се зголемил во последните пет години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија истражува зоолошка градина управувана од синот на најбогатиот човек во Азија

„Пораката е дека кинеската војска, во воздух и на море, стана значително поагресивна во овој конкретен регион“, рече тогаш Мили, според АП.

Кина ги гледа проширените вежби како закана, а кинеските државни медиуми ги обвинија САД дека градат индо-пацифичка алијанса, слична на НАТО, за намерно да предизвика конфликт.