САД го обвинија шефот на ОН: Очигледно попушти пред руските закани

Сподели со своите пријатели

САД го обвинија генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека „очигледно им попушта на руските закани“ и дека не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат дроновите што ги користи Русија за кои Вашингтон и другите велат дека биле испорачани од Иран, објави Ројтерс.

Loading...

Русија, наводно, негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала во Украина и тврди дека претставниците на ОН немаат мандат да патуваат во Киев за да го истражат потеклото на беспилотните летала.

Иран, од друга страна, призна дека ја снабдувал Москва со беспилотни летала, посочувајќи, сепак, дека тие биле испратени пред Русија да ја нападне Украина.

Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакнуваат дека испораката на дронови од иранско производство во Русија ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2015 година со која се потврдува иранскиот нуклеарен договор.

Тие очекуваат Гутереш да испрати официјални лица во Киев за да го истражат проблемот.

„Жалиме што ОН не започнаа нормална истрага за тоа прекршување“, рече заменик американскиот амбасадор во ОН Роберт Вуд на состанокот на Советот за безбедност во понеделникот за резолуцијата за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Во извештајот до Советот претходно овој месец, Гутереш рече дека претставниците на ОН ги испитуваат достапните информации и дека сите наоди ќе им бидат достапни на властите во догледно време.

Запрашан во понеделникот за притисокот со кој се соочува, Гутереш им рече на новинарите дека западните обвинувања дека Иран и испорачувал на Русија беспилотни летала користени во Украина се гледани во поширок контекст на сè што ОН прават поврзано со таа војна и да се утврди дали и кога треба да испратиме официјални лица во Киев.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.