САД дополнително го ограничуваат извозот на чипови во Кина

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, како дел од поширокиот стратешки натпревар со Кина, подготвува нови контроли на извозот на полупроводници и машини за нивно производство во обид да ги ограничи напорите на Пекинг да користи напредни технологии со цел да постигне глобална воена и економска предност, јавува Радио Слободна Европа.

Loading...

Како дел од напорите на Вашингтон да ги задуши амбициите на Пекинг во секторот за развој на напредна технологија за полупроводници, американското Министерство за трговија планира деновиве да воведе сет нови правила кои ќе регулираат кои технологии за чипови може да се извезуваат во Кина, пишува Блумберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Новите мерки се очекува да вклучат формализирање на извозните ограничувања на технологијата што се користи за производство на напредни полупроводници, како и забрана за продажба на алатки за производство на логички и мемориски чипови во Кина и ограничување на пристапот до чипови кои се користат за суперкомпјутери и вештачка интелигенција (ВИ).

САД, објаснува Блумберг, се повеќе се фокусирани на ограничување на пристапот до американската висококвалитетна технологија на полупроводници, како и на зајакнување на сопствените домашни производствени капацитети, во рамките на пошироката стратешка конкуренција со втората по големина економија во светот.

Правилата што ќе бидат објавени оваа недела ќе вклучуваат контроли на извозот на технологија за производство на чипови која е означена како 14-нанометарска или повеќе напредна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Исто така, ќе го прошири таканареченото правило за директен странски производ на повеќе кинески организации.