САД: Директорка на училиште на забава им дала алкохол на малолетници и силувала ученик

Сподели со своите пријатели

Директорката на едно училиште во американската сојузна држава Џорџија е под обвинение откако е откриено дека таа им дала алкохол на своите малолетни ученици за време на забава за Ноќта на вештерките, а имала сексуални односи со еден ученик.

Loading...

Рејчел Луиз Тери (43) е уапсена по повеќе кривични пријави, соопшти локалната полиција.

Тери работела во тоа училиште повеќе од 20 години, додека полицијата не добила повик за забава на која имало алкохол.

– Сметаме дека тоа е пријава на родителите – изјави началникот на полицијата Џими Девенпорт, пренесува NY Post.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Откако полицијата спровела истрага, Тери сега е под обвинение за силување, злоупотреба и давање алкохол на малолетници.

Тери е во притвор од неделата попладне.

„Ова се исклучително сериозни обвинувања. Безбедноста и благосостојбата на нашите ученици се секогаш врвен приоритет за нашето училиште“, коментираше портпаролот на училиштето, откако директорот беше испратен на платено отсуство.