Во општина Липково пожарот во атарот на селото Белановце е сѐ уште активен, информираат од Центарот за управување со кризи.
Таму гори сува трева и дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 лица од Шумското стопанство од Куманово и 20 мештани.
Изгорени куќи, штали, опустошени стотици хектари шума во Куманово и Североистокот (ФОТО)
Според информацијата од ШС Куманово се надеваат дека во текот на ноќта ќе го стават под контрола.
Никола Ивановски

