Руското Министерство за одбрана го потврди нападот на Змискиот остров

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски воен авион во текот на ноќта го нападнал украинскиот Змиски остров во Црното Море.

Loading...

Од друга страна, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак на Телеграм објави видео од тројца војници кои креваат големо украинско знаме на островот, од кој руските сили се повлекоа на 30 јуни, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков на редовна прес-конференција изјави дека дел од украинскиот одред на островот е „уништен“.

Претходно, портпаролот на воената управа на Одеса, Серхиј Братчук, објави дека руските сили утринава истрелале ракети врз островот Змија и блискиот град Одеса.

Тој на каналот Телеграм изјави дека две ракети предизвикале „значителна штета“ на пристаништето на островот, пренесе Гардијан.

Овој мал остров е стратешки важен поради неговата близина до поморските патишта до украинското пристаниште Одеса, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.