Руските војници отвориле пазар за продажба на украдена стока од Украина

Сподели со своите пријатели

Во градот Наровља на југот на Белорусија, руски војници организирале специјализирн базар каде што продаваат имот украден од Украина, тврди Украинската разузнавачка служба.

Loading...

Во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук, со приложената фотографија, се наведува дека асортиманот Мародер базар вклучува машини за перење и садови, фрижидери, скапоцен накит, автомобили, велосипеди, мотоцикли, садови, теписи, уметнички дела, детски играчки, козметика.

Тоа е сето тоа, посочуваат, што Русите го добија со ограбување цивили во Украина.

 

 

Поточно, се наведува дека колона камиони со различни предмети – индустриска стока и покуќнина – се движи од градот Бурин (област Конотоп, регион Суми) во правец на државната граница.

Дел од стоката се носи во Белорусија со руски камиони, додека дел од артиклите се испраќаат во Русија преку курирската служба SDEK Express.

Loading...

Во градот Мозир, Белорусија, забележана е колона руски воени возила од марката КАМАЗ, од која војници растовараат пакети со предмети стекнати со разбојништво.