Руските власти во Мариупол го реновираат водоводот и пристаништето

Сподели со своите пријатели

Водоснабдувањето во Мариупол ќе биде обновено во текот на јули, изјави за ТАС С, Константин Ивашченко, градоначалник на овој јужен украински град под руска контрола.

Loading...

„Водата е веќе достапна во сите делови на градот, но засега слободно тече. Пумпите сѐ уште не се во функција поради бројните протекувања“, рече Ивашченко, додавајќи дека работи за поправка се вршат седум дена во неделата и дека тој е уверен дека овие проблеми ќе се решат до крајот на месецот.

Руските власти во Мариупол планираат да ја вратат работата на пристаништето за патнички сообраќај, со цел да го поврзат градот со руските градови Ростов на Дон и црноморските градови, изјави Ивашченко за ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

Според него, градското карго пристаниште веќе продолжило со работа.

„Имаме големо пристаниште, но неговата работа е попречена од недостигот на електрична енергија“, рече тој.

Тој најави и дека металуршките погони Мариупол, Илич и Азовмаш ќе бидат обновени најдоцна до летото 2023 година, бидејќи индустрискиот потенцијал на градот треба да биде голем.

„Од денес, практично секоја недела, пловат бродови натоварени со валани метални производи. Добиваме градежни материјали. Бараме да добиеме два енергетски конвертори од 200 тони. Значи, тоа е веќе доста голем логистички центар“, нагласи Ивашченко додавајќи дека пристаништето Маријупол сѐ уште е поврзано само со руските градови.

Маријупол падна под руска контрола во мај, по едномесечна опсада.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Најмалку 1.348 цивили беа убиени за време на битката за Мариупол, меѓу кои 70 деца, изјави во јуни високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.