Loading...
Руските сили соборија шест украински дронови во регионот Калуга, на околу 180 километри југозападно од Москва, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека во нападот нема жртви.
Руските сили во текот на ноќта спречија обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала над регионот Калушка, се наведува во соопштението.
Противвоздушната одбрана собори шест беспилотни летала.
Како што се додава, во нападот нема жртви и не е причинета материјална штета.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.