Руските сили активно се повлекуваат од регионот Суми во североисточна Украина, тврди регионалниот гувернер. Додава дека опремата ја носат со себе.
Минатата недела имаше прилив на руски војници меѓу Билопил и Конотоп, лоцирани северозападно од градот Суми, каде што „неселективно пукаа и го тероризираа населението“, изјави Дмитро Живицки, шеф на регионалната управа на Суми.
Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина
„Нашите војници ги избркаа од регионите на Киев и Чернихив и им нанесоа загуби, областа Конотоп не е 100% ослободена од Русите. Украинците постепено ги докрајчуваат“, рече Живицки.
Регионот Суми се наоѓа на 48 километри од границата со Русија, а Суми беше еден од првите градови кои беа нападнати како дел од руската инвазија.