Институтот за проучување на војната (ISW) објави нова анализа за руската инвазија на Украина.
Како што наведуваат, руските сили остануваат на пауза во Украина.
Руските сили продолжуваат да се прегрупираат, одмараат и реконструираат, додека ги бомбардираат критичните области за да ја подготват сцената за идни копнени офанзиви.
Во анализата се наведува и дека оваа пауза не значи целосен прекин на нападите.
Сегашните руски офанзивни дејства веројатно се наменети за подготовка за идни офанзиви, иако сè уште не е познато кога ќе се случат такви офанзивни дејства.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, на 11 јули објави дека Иран ќе и достави „до неколку стотици беспилотни летала“ на Русија на забрзана основа, но тој не прецизираше точно за какви беспилотни летала станува збор.
Саливан истакна дека Иран ќе обезбеди и беспилотни летала што ќе можат да носат оружје и дека ќе ги обучи руските сили да користат ирански беспилотни летала веќе во јули.
Руските воени блогери и дописници претходно го критикуваа Кремљ за неефективното воздушно извидување и недостатокот на беспилотни летала, пишува ISW.
Поранешниот руски воен командант Игор Гиркин изјави дека украинските сили успешно ја бранеле линијата на фронтот во регионот на Доњецк токму благодарение на нивните беспилотни летала.
Рускиот дописник на фронтот Александар Сладков, исто така, се пожали дека руските сили можеле да набават повеќе беспилотни летала, но не го направиле тоа.
White House National Security Advisor Jake Sullivan said on July 11 that #Iran will provide #Russia with “up to several hundred UAVs” on an expedited timeline.
Russian forces meanwhile remain in a theater-wide operational pause in #Ukraine.
New report: https://t.co/X9kcMS8EUJ pic.twitter.com/e3ji6B7jFi
— ISW (@TheStudyofWar) July 13, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.