Руските затвори се ноторни по својата коурпција, но некои се сепак строги. Како пример може да се наведе затворот „Црн делфин“, сместен во средноазиските степи недалку од границата со Русија и Казахстан.
Околу 900 чувари внимаваат на 700 затвореници и тоа 24 часа на ден, за де некој од нив не избега.
Обично има повеќе затвореници отколку чувари, но во овој затвор се чуваат некои од најголемите злосторници на Русија. Еден од нив е и Владими Николаев, осуден во 1997 година поради двојно убиство и канибализам.
Приведен е некаде во зимата 1996 година, а полицијата пронашла тава со остатоци од човечко месо. На неговиот балкон во снегот, држел делови од човечки тела кои подоцна планирал да ги изеде.
Доаѓав дома од забава малку поднапиен. Кај вратата на зградата стоеше некој тип и бараше запалка. Малку се каравме и тој ме удри. Јас му возвратив тој почина. Што требаше да направам? Го вовлеков во бањата каде му ја соблеков облеката и започнав да го сечам. Му ја отсеков главата, рацете и нозете, кога нешто ми падна на памет, па одлучив да го пробам неговото месо. Исеков парче месо од бутот и го зготвив, но не ми се доапдна. Исеков помали парчиња и го пржев во тава. Дадов и на својот пријател кој даде на својата сопруга. Таа нешто готвеше со тоа па со децата ручаа. Реков дека тоа е месо од кенгур. Што разбираат тие какво е месото. Русија нема кенгури – рекол Николаев.
Неговите цимери во затворот не се ништо подобри. И „Бизнис инсајдер“ напоменува дека вкупно заедно одземале 3.500 животи, што значи дека во просек, секој затвореник убил по пет лица. Затворениците се под 24-часовен видео надзор, а ќелиите им се сместени зад челични врати.
Затворениците живеат во своевидни ќелии внатре во ќелиите, а по двајца затвореници делат иста ќелија со големина од околу четири и пол квадратни метри. Стотина чувари се потребни за да одржат стабилна контрола над затворениците и како би можеле на секои 15 минути да проверуваат што прават.
Еднаш кога еден затвореник ќе излезе од ќелијата мора да чекори со наведната глава и се верува дека тоа е уште една од посебностите на „Црниот делфин“. Затворениците мораат да имаат превез преку лицето кога излегуваат надвор, а сето тоа за да не можат да го запаметат распоредот на зградата во затворот што би им го олеснило бекството.
Смеат да вежбаат, односно да одат по една посебна ќелија. Тоа значи дека затворениците немаат било какво слободно движење надвор од ќелијата и просторијата за вежбање. Чуварите, додека затворениците шетаат, ја проверуваат секоја ќелија за да откријат било какви забранети предмети.
Не постои дури ниту ресторан во „Црниот делфин“ туку затворениците храна добиваат во своите ќелии. Најчесто тоа е обична супа и малку леб.
Ниту еден затвореник не успеал да избега од овој затвор.
https://youtu.be/3tPgxV5qylQ
Loading...