Руски војници го повикаа Путин на помош: „Немаме на кого да се обратиме, ова е е*ена катастрофа“

Сподели со своите пријатели

Синоќа Си-Ен-Ен емитуваше снимка на руски војници кои велат дека им е преку глава од воените услови во Украина.

Loading...

Еден војник вели дека неговата единица веќе шест пати била пополнета со новомобилизирани војници.

Повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин на помош, војникот вели: „Немаме на кој друг да се обратиме“.

Во едно од видеата, руски војник вели дека ситуацијата на теренот во источна Украина е „тотално срање“, истакнувајќи дека еден од тенковите на неговата единица се запалил.

– Поздрав директно од првата линија. Доказ од прва рака за тоа што се случува овде. Ова е катастрофа – рече војникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Трамп направи тактичка грешка во преговорите со Путин

Видеото можете да го погледнете овде.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.