Советскиот воен пилот, чиј авион бил соборен во борбените операции во Авганистан во осумдесетите години од минатито век и за кого се сметало дека е исчезнат, пронајден е жив во земјата, изјавил раководителот на Сојузот на падобранци на РУсија, Валериј Востротин.
– Тој е пронајден и жив е. Тоа е нешто неверојатно. Сега ни е потребна помош, не само финансиска, туку и административна, помош на социјалните организации, но и допломатите, рекол тој.
Askar Soviet bernama Bakhretdin Khakimov kini bernama Sheikh Abdullah #nakfakta #nakbebel pic.twitter.com/qRkZ6etDwz
— Nak Fakta (@nakfakta) October 23, 2016
Loading...
Востротин не сакал да го соопшти името на пилотот додавајќи дека е во прашање доверлива информација.
Според официјалните информации од 1979. до 1989. година во Авганистан биле соборени вкупно 125 советски борбени авиони.
Шефот на локалната ветеранска организација рекол дека неговата мајка и сестри се живи, додека магазинот „Комсомолската правда“ дошол до ќерката на Пантелијук, која е родена неколку месеци пред неговото ичезнување.
BAKHRETDIN KHAKIMOV PRAJURIT SOVIET YANG HILANG. https://t.co/H1k1WHvKfu pic.twitter.com/n6EI5DSdUp
— Arumsekartaji (@arumsekar120) January 21, 2016
Сенаторот Франц Клинсевич рекол дека не станува збор за едноставен случај.
Како што навел, го запознал поранешниот советски војник на патот во Авганистан пред неколку години, кој одбил да му каже како се вика. Рускиот го зборувал отежнато и рекол дека за него е прекрасно да се врати.