Руски товарен брод потона во Средоземното Море

Сподели со своите пријатели

Рускиот брод Голема мечка (Урса мајор) потона во меѓународните води меѓу Шпанија и Алжир, по експлозија во машиниската постројка, јавија шпанските медиуми.

Loading...

Четиринаесет членови на екипажот беа спасени во понеделникот и однесени во пристаништето Картагена, но двајца морнари се уште се водат како исчезнати.

Бродот под руско знаме го напушти Санкт Петербург пред 12 дена и се упати кон пристаништето Владивосток, каде што требаше да пристигне на 22 јануари.

Според весникот „Еспањол“, во спасувачката акција учествувале неколку бродови лоцирани во истото подрачје, а подоцна во потрагата се вклучиле и шпански спасувачки брод и патролен брод на шпанската морнарица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американец осуден во Русија за шпионажа на 15 години ригорозна затворска казна

Голема мечка е товарен брод стар 15 години, изграден во 2009 година.