Руски студент осуден на пет години затвор за соработка со Украина

Сподели со своите пријатели

Регионалниот суд во Курганската област го прогласи студентот (20) за виновен за „соработка со украинските специјални служби и подготвување саботажа во Русија“ и го осуди на пет години затвор, соопштија денеска руските власти.

Loading...

„Регионалниот суд Курган го прогласи студентот, кој беше регрутиран од украинските специјални служби, за виновен за соработка со тие служби“, се вели во соопштението на локалниот огранок на Руската служба за безбедност (ФСБ).

Студентот, чие име не беше споменато, планирал акти на саботажа на воената и социјалната инфраструктура и подготвувал ширење на проукраински пропагандни информации преку интернет, како и собирање и пренесување (до Киев) податоци за положбата на руските воени единици, изјави изворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва е подготвена за преговори за Украина

Тој е осуден на пет години затвор, се додава во соопштението, без да се прецизира кога е изречена пресудата.

Од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, голем број Руси и странци беа уапсени или осудени по обвиненијата за подготовка на саботажа.

Русија строго ги казнува и критичарите на нападот врз Украина.

Илјадници Руси се осудени на затвор или парични казни поради оваа причина, според Франс прес.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...