Руски служби: Информациите од САД за терористичкиот заговор беа од општа природа

Сподели со своите пријатели

Руските специјални служби добиле информации од САД за терористичкиот заговор, но информацијата била од општа природа, без конкретни детали, изјави за ТАСС извор од специјалните служби.

Loading...

Откако портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон изјави дека САД споделиле информации со руските власти за планирање терористички напад во Москва, извор од руските специјални служби рече дека „такви информации навистина биле примени“, но дека тие се „од општа природа, без никакви специфики“.

Предупредувањето на САД на 7 март дека екстремистите би можеле да извршат напад во Москва е поврзано со терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во руската престолнина, пишува New York Times, повикувајќи се на неименувани извори.

Американската амбасада во Русија на почетокот на март ги предупреди американските граѓани да избегнуваат големи собири во Москва поради извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад.