Руски Росатом го зголемил извозот за 15 отсто во 2022 година

Сподели со своите пријатели

„Росатом“ го проценува растот на извозот во 2022 година на 15 отсто, при што портфолиото на странски нарачки останува стабилно на 200 милијарди долари, изјави извршниот директор на руската државна нуклеарна компанија Алексеј Лихачев.

Loading...

„Извозот ќе биде поголем за околу 15 проценти. Но, да знаете дека е далеку од границата“, рекол Лихачов, пренесува Танјуг.

Според него, растот доаѓа од договорите чија реализација е во тек, од испораката на гориво, производите со збогатен ураниум, услугите за конверзија, како и од изградбата на 23 нуклеарни единици на проекти во десетина земји.

Од почетокот на руската инвазија на Украина пред десет месеци, Росатом ги избегнуваше западните санкции, иако САД размислуваа за нивно воведување на почетокот на оваа година.

„И во такви услови нашето портфолио на странски нарачки десет години напред е стабилно на ниво од 200 милијарди долари. Оваа година ќе ја надминеме психолошки важната бариера во испораката на нашите производи во странство со сума од 10 милијарди долари“, рече Лихачев.

Росатом е во преговори со Меѓународната агенција за атомска енергија за безбедна зона околу украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која беше заземена од руските војници во март.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.