Руски ракетни напади доведоа до прекин на струја во Украина

Сподели со своите пријатели

Украина се движи кон итни прекини за да ја стабилизира својата електрична мрежа по руските ракетни напади во понеделникот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Тој рече дека многу региони се погодени, а локалните власти предупредија дека околу половина од регионот на Киев ќе остане без струја во наредните денови.

Во текот на ноќта неколку проектили погодија критична инфраструктура и станбени куќи во близина на јужниот град Запорожје, соопштија регионалните власти, пренесува Би-Би-Си.

Во нападите во понеделникот загинаа четири лица.

Украина, исто така, бележи снег и температури под нулата во многу региони, со милиони без струја и вода, а се стравува дека голем број луѓе би можеле да умрат од хипотермија.

Во своето видео обраќање доцна во понеделникот, претседателот Зеленски рече дека во понеделникот биле истрелани 70 руски проектили и дека „повеќето од нив биле соборени“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија ги погодила сите 17 планирани цели за време на нејзиниот „масовен напад користејќи високопрецизно оружје“.

Во своето обраќање до нацијата, Зеленски вети дека властите „ќе направат се за да ја вратат стабилноста“.

Loading...