Руски проектили навлегле во воздушен простор на Романија и Молдавија

Сподели со своите пријатели

Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија денеска објави дека наводно „руски ракети од типот Калибр ја преминале државната граница на Украина со Молдавија и Романија и влегле во воздушниот простор на тие земји“.

Loading...

Наводно, проектилите биле лансирани од руски бродови во Црното Море, додаде Залужни.

Според украинскиот генерал, две ракети влегле во воздушниот простор на Молдавија во 10:18 часот по локално време, а во 10:33 часот на територијата на Романија.

„Потоа ракетите повторно влегоа во воздушниот простор на Украина на местото на допир на границите на тие три земји“, додаде Залузни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Ученик со чекан нападнал професори и соученици

„Системот за воздушен надзор на романските воздухопловни сили откри во петокот, на 10 февруари, воздушна мета која беше лансирана од Црното Море од брод на Руската Федерација, во близина на полуостровот Крим. Најверојатно се работи за крстаречка ракета која поминала низ воздушниот простор на Украина и Молдавија, а потоа повторно навлезе во Украина.

Во соопштението се додава дека во најблиската точка руската ракета била на 35 километри од воздушниот простор што го контролира Романија.

„Ги применивме сите стандардни процедури. Дополнително, во 10:38 часот два авиони МИГ 21 на романските воздухопловни сили од борбената воздухопловна полиција контролирана од НАТО, кои во тоа време беа на вежба, беа пренасочени кон северот на Романија. две минути, кога ситуацијата се олесни, двата авиони ја продолжија својата мисија“, се додава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во централна Европа

Во оваа прилика се огласи Молдавија, која за разлика од Романија ги потврди изјавите на украинскиот командант.

Loading...

„Утринава во 10:18 часот проектилот навлезе во воздушниот простор на Република Молдавија, над градот Мокра во регионот на Придњестровје, а подоцна и над градот Косаути во областа Сорока. Се движеше кон Украина“, се вели во соопштението на молдавското Министерство за одбрана.