Руски проектил погоди училиште во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руска ракета рано утринава погоди училиште во регионот Запорожје во јужна Украина, соопштија локалните власти.

Loading...

Кирило Тимошенко, заменик-началник на кабинетот на украинскиот претседател, вели дека руски проектил погодил „специјализирано училиште“ во селото Комјушувака околу 7:20 часот. Се уште нема информации за можни жртви.

„Тие нелуѓе дефинитивно ќе бидат казнети“, рече Тимошенко.