Руски политичар го слушал говорот на Путин со шпагети на ушите, сега треба да оди на суд

Сподели со своите пријатели

Рускиот политичар Михаил Абдалкин ќе се појави на суд следната недела за да се соочи со обвиненијата дека ги дискредитирал вооружените сили со објавување на видео.

Loading...

На видеото се гледа како Абдалкин го слуша говорот на рускиот претседател Владимир Путин за состојбата на нацијата, додека во исто време над неговите уши висат шпагети.

Абдалкин, претставник на Комунистичката партија во регионалниот парламент на Самара, го направил споменатиот потег бидејќи во руската традиција закачувањето нудли на ушите симболизира дека личноста е измамена.

Тој на социјалните мрежи објави дека градскиот суд во Новокујбишевск ќе го разгледа неговиот случај на 7 март.

„Ќе се бориме да ја докажеме мојата неинволвираност и невиност“, рече Абдалкин, кој претходно беше укорен од неговата партија за споменатиот испад.

 

 

Loading...

Откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија ја интензивираше својата акција против јавното несогласување, наметнувајќи парични и затворски казни за дискредитација на вооружените сили преку изразување негативни ставови.

Патем, обраќањето на Путин за состојбата на нацијата на 21 февруари, кое траеше речиси два часа, не вклучуваше никакви големи политички најави освен суспензијата на учеството на Русија во нејзиниот најнов договор за контрола на нуклеарното вооружување со САД, пишува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.