Руски напад со дронови врз Одеса, нема информации за жртви

Сподели со своите пријатели

Руски дронови синоќа го нападнаа регионот на Одеса, соопштија украинските воени власти, додавајќи дека нема извештаи за жртви.

Loading...

„Благодарение на успешната акција на украинските одбранбени сили, повеќето од непријателските дронови беа уништени, но беше погодена една јавна зграда“, се вели во соопштението на окружната воена управа.

Преземени се мерки за сузбивање на пожарите предизвикани од нападите, според истиот извор.

„Припадниците на ракетната бригада Одеса уништија 10 од 12 камикази беспилотни летала Шахед-136/131“, изјави командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук.

Беспилотните летала Шахед-136 се произведени во Иран и можат да носат експлозивно полнење од 35 до 50 килограми. Руските сили редовно ги користат, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп бара ретки метали од Украина во замена за помош

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.