Украинската армија остави околу 200 војници мртви за време на панично повлекување од нивните позиции во близина на Доњецк, изјави Јан Гагин, советник на лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР).
„Напуштените украински позиции кај Доњецк се полни со огромен број тела на украински војници кои беа оставени. Непријателот не се ни обиде да ги евакуира додека бегаше од таа област. Изброивме околу двесте (загинати украински војници) досега“, рече Гагин во интервју за руската државна новинска агенција Тас.
Тој тврди дека дел од украинските војници избегале
Тој додаде дека руските сили сега ги евакуираат телата на загинатите украински војници.
Гагин претходно овој месец изјави дека бројот на украински војници кои биле закопани во ровови на првите одбранбени линии во близина на Доњецк се намалил за најмалку три пати поради нивното бегство.
Инаку, руската армија со недели силно го напаѓа Авдијивка, град во источна Украина недалеку од Доњецк.
Пред неколку дена, Институтот за проучување на војната (ISW) објави дека Русите постигнале одреден напредок.
Шефот на воената управа на Авдијивка Виталиј Барабаш потврди дека борбите стануваат се пожестоки и дека Русите напаѓаат од повеќе правци.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.