Руски борбен авион прелетал опасно блиску до американски извидувачки авион во Сирија

Сподели со своите пријатели

Руски борбен авион прелетал многу блиску до американски извидувачки авион во Сирија, принудувајќи го да помине низ големи турбуленции и доведувајќи ги во опасност животите на четворица членови на екипажот, велат американските власти.

Loading...

Тие веруваат дека инцидентот, кој се случи во неделата, претставува значителна ескалација во однос на серијата средби меѓу американските и руските авиони над Сирија во претходните недели, пренесе АП.

Блиското прелетување на руски Су-35 ја попречило способноста на американскиот екипаж безбедно да лета со нивниот авион МЦ-12, рекоа официјалните лица, нарекувајќи го тоа ново ниво на небезбедно однесување што може да доведе до несреќа или загуба на животи.

Официјалните лица, кои сакале да останат анонимни, не можеле да кажат колку рускиот авион се приближил до американскиот.

МЦ-12 ја истражувал областа како знак на поддршка за војниците на теренот против групата Исламска држава во Сирија, додадоа официјалните лица.

САД разгледуваат одредени воени опции за справување со зголемената руска „агресија“ на небото над Сирија, што ги комплицираше напорите да се таргетира лидерот на групата Исламска држава претходно овој месец, изјави висок претставник на американската одбрана.

САД подоцна извршија напад и го убија тој милитант, додава АП.

Официјалниот претставник не сакаше да открие кои воени опции се во оптек, но рече дека САД нема да отстапат никаква територија и ќе продолжат со летечки мисии против Исламската држава во западниот дел на земјата.

Loading...

Руската воена агресија, која се зголеми од март, е резултат на зголемената соработка и координација меѓу Москва, Техеран и Дамаск во обид да се изврши притисок врз САД да ја напуштат Сирија.

Според АП, во Сирија има околу 900 припадници на вооружените сили на САД.