Руски бизнисмени ѝ нудат помош на украинската армија?

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимр Зеленски, изјави дека неколку руски бизнисмени понудиле да донираат пари за помош на Украина, вклучително и поддршка за нејзината армија.

Loading...

Зеленски рече дека добил „сигнали“ од неколку руски бизнисмени, меѓу кои и милијардерот Роман Абрамович, близок пријател на Владимир Путин, кој е цел на санкции од страна на Европската унија и Велика Британија.

 

Германија размислува да купи противракетен систем

 

– Имавме сигнали од него и од уште неколку бизнисмени кои сугерираа: „можеме да помогнеме на овој или оној начин, можеме нешто да направиме“ – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Не планираме да развиваме нуклеарно оружје

– Некои рекоа дека се подготвени да помогнат во обновата на земјата (Украина) по војната. Подготвени сме да го префрлиме нашиот бизнис во Украина, живееме во Англија или некаде во Швајцарија, го сакаме тоа. Но, како да не се појавиме на списокот со санкции?“ – изјави претседателот на Украина.

– Некои луѓе не сакаат да го кажат своето име, а велат дека сакаат да и помогнат на нашата армија, иако се државјани на Руската Федерација – продолжи тој.

Loading...

 

Нова рунда разговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

 

Зеленски увери дека Украина е подготвена да ја „обезбеди нивната безбедност, да им обезбеди работа и да им овозможи развој“ на бизнисмените кои се подготвени да донираат пари за поддршка на украинската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна мост на Крим: Има повредени

– Зборувам конкретно за санкции во нашата земја. Можеме да зборуваме за тоа, можеме да зборуваме за промена на државјанството на овие луѓе – објасни тој и нагласи дека не е „задолжително тоа да се прави јавно“.

Волстрит журнал објави дека Зеленски наводно побарал од американскиот претседател Џозеф Бајден да не го санкционира Роман Абрамович, верувајќи дека тој може да игра улога во мировните преговори Украина-Русија.