Авион на руската компанија „Урал ерлајнс“ со 159 патници и шест членови на екипажот, кој летал од Сочи за Омск, во вторник наутро принудно слетал во Новосибирската област.
Loading...
Прелиминарната причина за принудното слетување на авионот во Новосибирската област е дефект на хидрауличниот систем за време на летот, соопштија од итните служби, пренесува Риа Новости.
Loading...
Како што беше соопштено, никој од оние кои се наоѓале во леталото не е повреден.