Кога имал само 11 години, Русинот Алексеј Турчин останал без најдобриот пријател. Неговата смрт го погоди толку многу што на толку рана возраст реши да го посветил својот живот на проучувањето на бесмртноста.
Подоцна се запишал на престижниот московски факултет и во 1997 година магистрирал физика.
Оттогаш, тој објави неколку книги, десетици статии за различни научни списанија и стана еден од водечките научници во областа на „трансхуманизмот“, научно движење кое се обидува да ги продолжи и подобри човечките животи преку различни технологии, пишува Дејли стар.
Неговото најпознато дело „Мапа до бесмртноста“, напишано со колегата физичар Максим Черњаков, содржи тврдења за тоа како да се „победи смртта“, што, како што се очекуваше, предизвика голема бура во научната заедница.
Турчин тврди дека сите луѓе ќе станат бесмртни до 2600 година, но верува и дека смртта може да се „сврти“, т.е. да победи.
– Се чини дека смртта е трајна состојба, но никаде нема докази дека таа не може да се „преврти“. Во моментов немаме таква технологија, но не можеме да тврдиме дека тоа е невозможно. Постојат неколку можности за надминување на смртта кои само ќе ги измислиме во иднина – наведуваат авторите во своето дело.
Како дел од „Мапата до бесмртноста“, тие претставија и четири опции за преживување.
Планот А е доста директен. Луѓето треба, штом ќе добијат шанса, да постават вештачки органи кои ќе ни служат засекогаш. Бидејќи такво нешто не е возможно, ова дуо го предлага планот Б, за кој веројатно повеќето од вас сте слушнале.
– Криониката и замрзнувањето на телото може да ви купат време додека не откриеме начин да постигнеме бесмртност – велат авторите.
Планот В е оној за „дигитална вечност“. Сите наши мисли и чувства би биле префрлени на супер-компјутери, а потоа тие податоци подоцна би биле префрлени на нови, веројатно био – механички тела.
И на крај, планот Д е всушност слепо верување.
– Иако технологијата расте и се развива многу брзо, сѐ уште не сме смислиле начин да живееме вечно, но сигурен сум дека до 2600 година тоа ќе биде постигнато. Дотогаш, можеме само да се надеваме дека процесот на смртта е реверзибилен – велат авторите.
Турчин, исто така, верува дека е можно еден ден сите оние што некогаш умреле да бидат вратени во живот.
– Не можеме да ја исклучиме таа можност. Со помош на некоја суперинтелигенција на галактичко ниво и тоа би можело да биде остварливо – заклучува тој.