Руското воено воздухопловство собори девет беспилотни летала во текот на ноќта и утринава на Крим, а едно од нив експлодира во селото Докучаево и нема повредени, а искршени се прозорците на неколку куќи, изјави денеска лидерот на Крим Сергеј Аксјонов.
Loading...
Аксјонов напиша на Телеграм, а Тас објави дека се искршени прозорците на неколку куќи.
Селото Докучаево се наоѓа на околу 40 километри од главниот град на Крим, Симферопол.
Претходниот масовен напад со беспилотни летала на Крим се случи ноќта на 4 јуни, кога беа соборени девет дронови, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.