Руската телевизија ги повикува луѓето да го посетат Крим и покрај нападите: „Лето, море и сонце. Дојдете!

Сподели со своите пријатели

Смртоносниот напад на мостот што го поврзува Крим со копното предизвика огромни гужви додека туристите се обидуваат да побегнат од полуостровот, кој долго време беше популарна руска дестинација за одмор.

Loading...

Но, и покрај фактот што областа сега стана воена зона, руската државна телевизија продолжува да ги поканува туристите да го посетат Крим, односно да дојдат таму на одмор.

Новинар на Би-Би-Си сподели видео на кое се гледа како руски ТВ водител вели: „Крим го пречекува секој гостин со раширени раце!“.

– Руската државна телевизија не ги одвраќа луѓето да патуваат на окупираниот полуостров по неодамнешниот напад на мостот… – напиша новинарот на Твитер.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...